Фудбал

ФОТО: Тајната на Пикфорд за пенали, еве зошто Англичаните се во полуфинале

ФОТО: Тајната на Пикфорд за пенали, еве зошто Англичаните се во полуфинале

Фудбалската репрезентација на Англија се пласираше во полуфиналето на Европското првенство, откако синоќа во Дизелдорф по подобро изведување пенали ја совлада Швајцарија, а еден од хероите беше голманот на Гордиг Албион, Џордан Пикфорд.

Натпреварот по 120 минути заврши 1:1. Швајцарецот поведе преку Брил Ембола, а Англичаните израмнија со голот на Букаи Сака. Тој резултат остана и по продолженијата, па почна пенал-рулетот, а таму избраниците на Герет Саутгејт беа поприсебни.

Погодија Кол Палмер, Џуд Белингем, Букајо Сака, Иван Туни и Трент Александер Арнолд, а клучниот детал се случи на самиот старт од пенал рулетот. Дефанзивецот на Манчестер Сити, Мануел Акањи стрелаше за швајцарскиот тим, а неговиот удар го одбрани Пикфорд. Без разлика што подоцна погодија Џердан Шаќири, Фабијан Шар и Зеки Амдуни, промашениот пенал на Аканџи и одличната интервенција на Пикфорд ја решија играта.

Facebook / UEFA EURO 2024

По изведувањето на пенали, беше откриено дека голманот на Евертон имал мала помош. Тој, всушност, на шишето со вода имал запишано на која страна шутира секој швајцарски фудбалер кога има пенали. Аканџи шутираше десно, од голманскиот агол налево, а Пикфорд благодарение на тајниот потсетник успеа да го прочита и да го запре ударот!

Англија во среда од 21 часот ќе се бори за пласман во финалето против Холандија.

To top