Иван Ракитиќ става крај на својата втора етапа во Севилја откако стана јасно дека не се наоѓа во плановите на новиот тренер Кике Санчес Флорес, по што Хрватот експресно реши да замине на „печалба“ и да се пресели во Саудиска Арабија.
Ракитиќ ја прифати првата понуда од Ал Шабаб и ова утро излегоа слики кои откриваат дека ги минал медицинските прегледи, а дека се е договорено може да се заклучи и од неговата објава на социјалните мрежи.
„Ракетата“ не доби шанса да се прости на теренот и не им помогна на своите соиграчи на вчерашниот меч со Осасуна, кој на крајот заврши 1:1 на „Рамон Санчес Писхуан“.
Ракитиќ беше на трибините и беше опкружен од навивачите на Севилја, на кои ова утро им се заблагодари за цела љубов која ја доби во двете етапи во клубот.
– Ви благодарам за љубовта, – гласи кратката порака на Ракитиќ со која се одјави од Севилја.
Договорот на Ракитиќ со Ал Шабаб е во времетраење од 18 месеци, а додека тој заминува во проект кој ќе му донесе мир и финансиска стабилност, Севилја до крајот на сезоната ќе се бори за опстанок во Ла Лига.
Thank you for the love ♥️♥️♥️🙏🏼 @SevillaFC pic.twitter.com/kQ3UFLDxZl
— Ivan Rakitic (@ivanrakitic) January 29, 2024