Вечерва Џанлуиџи Донарума со Пари Сен Жермен ќе му гостува на Милан на „Сан Сиро“ каде што италијанскиот голман ја започна кариерата.
Донарума ги разочара и налути навивачите кога како слободен играч одби да потпише нов договор и потпиша за францускиот гигант.
Навивачите на Милан никогаш не му простија, а го му го покажаа во настапите за Италија на „Сан Сиро“, со ПСЖ сега првпат гостува, па се очекува и притисокот кон него да биде посилен.
Ултрасите на „росонерите“ подготвија илјадници лажни банкоти кои ќе бидат фрлени на теренот кон голманот. На доларите место некој од поранешните претседатели на САД стои слика со ликот на Донарума и наслов „платеник“.
Сите банкноти се со бројот „71“ кој според наполитанската традизвија означува „човек без вредности“.
🚨😳| AC Milan supporters are ready to welcome Gianluigi Donnarumma back to the San Siro. 💸
[@AntoVitiello] pic.twitter.com/WqEZF4F3gN
— CentreGoals. (@centregoals) November 7, 2023