И тоа како добро му оди на Ерлинг Халанд во последно време. А врв на супер формата беше вчера кога во меч од ФА Купот на Лутон му “стегна“ пет гола.
Како што пишуваат медиумите во неговата земја, напаѓачот на Манчестер Сити ќе си се почести со нов автомобил, и тоа не било каков, туку вистинско “чудовиште“ кое вреди 3,2 милиони евра.
Станува збор за Мерцедес АМГ Оне, кој има повеќе од 1.000 КС, може да достигне брзина од 352 км на час, и во светот има само 275 примероци.
Халанд веќе има колекција од скапи автомобили, но овој секако и тоа како ќе биде најскапиот.