Македонскиот футсал првак Форца оствари историски успех откако триумфираше со 8-2 против Титоград.
Со тоа македонскиот тим забележа три победи во три меча и се пласираше во елиминациската фаза во Лигата на Шампионите.
Три гола во тимот на Форца постигна Исмаили, Дандан беше стрелец на два, а по еден Петровиќ и Бери. Автогол постигна Делиќ.