Фудбалските репрезентации на Англија и Швајцарција ќе играат в сабота, на 6 јули, во Дизелдорф во рамките на четврфиналето на ЕП во Германија
Според мислењето на добар дел од фудбалската јавност, Англичаните не ја оправдаа улогата на фаворити иако се пласираа меѓу осумте најдобри. Најголемиот дел од критиките одат кон селекторот Герет Саутгејт.
Во одбрана на селекторот застана Фил Фоден, играчот на Манчестер Сити .
„Критиките против нас се оправдани, но ние играчите мораме да преземеме дел од нив. Селекторот ја одредува тактиката, не става во системот, но на крајот сепак ние реагираме на теренот. Не е пријатно да се слушнат сите погрдни зборови против селекторот. Секоја екипа мора да има лидер, а исто така и некој што ќе реагира на вистински начин кога работите не одат како што треба“, изјави Фил Фоден.