Бразилскиот тим Флуминенсе со 2-0 славеше над Ал Ахли од Египет и се пласираше во финалето на Светското клупско првенство кое се одржува во Џеда, Саудиска Арабија.
Долго време резултатот беше почетниот 0-0. Првиот гол беше постигнат дури во 71. минута кога Ариас од пенал донесе водство за Флуминенсе од 1-0.
Конечните 2-0 беа поставени во 90. минута кога Џон Кенеди ја завери победата на бразилскиот тим.
Флуминенсе во финалето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Манчестер Сити и Урава.