Италијанската новинаска агенција „АЏИ“, вечерва излезе со информација дека Алесандро Флоренци од Милан е под истрага за обложување на фудбалски натпревари.
По Фаџоли и Тонали, Алесандро Флоренци може да биде третиот фудбалер кој ќе заработи суспензија поради обложување.
Тој е новиот фудбалер од Италија кој е под истрага на обвинителот од Торино за обложување на фудбалски натпревари.
Фудбалерот на Милан ќе биде испрашуван во наредните денови. Од aгенцијата објавија дека Флоренци ќе се брани како и Заниоло претходно, ќе тврди дека играл само покер и блек џек на нелегални платформи, а не се обложувал на фудбал.
foto:insragram/ACMilan