Фудбал

ФК Вардар со „реми“ во Сан Марино го завери второто коло во Конференциската Лига

ФК Вардар со „реми“ во Сан Марино го завери второто коло во Конференциската Лига

Очекувано скопски Вардар се пласира во втората квалификациска рунда за Конференциската лига.

Вардарци на гостувањето во Сан Марино одиграа 2-2, но трите гола предност од Скопје беа преголеми за противникот.

Губеше, па водеше Вардар, а поведа испушти во судиското дополнение.Домаќините поведоа со 1-0 во 10.миута со голот од пенал на Филипе. Тоа беше резултат и на крајот на по првото полувреме. Во второто беа постигнати три гола.

Прво Мато од пенал во 59-тата израмни на 1-1. Во 84.минута Вардар поведе благодарение на автоголот на голманот Виван. Но, како постигнаа така и примија гол вардарци во 94-тата минута кога Јанкулов го изненади својот голман Талески.

Во следното второ квалификациско коло, Вардар ќе игра против екипата на Лозана. Првиот меч е закажан во Скопје на 24 јули, а седум дена подоцна следува гостувањето во Швајцарија.

 

 

To top