Фудбал

ФК Вардар со две нови засилувања во пресрет на новата сезона

ФК Вардар со две нови засилувања во пресрет на новата сезона

Македонски фудбалски клуб Вардар продолжува да се засилува во пресрет на новата сезона. Од денеска на подготовки во Словенија се и Сеук – Гјун Ким од Јужна Кореја и Марио Костов.

Корејскиот интернационалец има 23 години и игра на левата крилна позиција.

Костов кој има само 18 години е талентиран напаѓач кој во Вардар пристигна од редовите на струмичка Брера.

Вардарци веќе неколку денови се на подготовки во Раденци, Словенија, а во следниот период треба да одиграат и два контролни дуели и тоа против хрватскиот шампион Динамо во Загреб и против членот на англиската Чемпионшип лига, Свонси.

To top