Фудбал

ФК Вардар ремизираше против англискиот Свонси

ФК Вардар ремизираше против англискиот Свонси

Фудбалерите на Вардар одиграа нерешенп 1-1 против поранешниот англиски премиерлигаш Свонси.

Натпреварот меѓу англискиот и македонскиот клуб се одигра во германскиот град Фридберг.

Вардарци први дојдоа до погодок, откако новото засилување Џибрил Дианеси го пронајде патот до мрежата во 21. минута од натпреварот.

Свонси успеа да израмни со голот кој падна во 61. минута од натпреварот. Стрелец за членот на англиската Чемпионшип лига беше Франко.

Ова беше прво реми во подготовките на Вардар, откако претходно ги победија Мура и Чарда Мартјанци, а загубија од Бистрица и Динамо Загреб.

To top