Фудбал

ФК Вардар претстави уште едно засилување

ФК Вардар претстави уште едно засилување

По Немања Босанчиќ, фудбалскиот клуб Вардар денеска претстави уште едно ново име во својот редови,играч кој настапува во средниот ред.

Нов член на вардаровото семејство е Рушту Јонус, млад фудбалер кој ја покрива позицијата централен играч за врска. 22-годишниот фудбалер роден во Скопје минатата сезона ја мина во редовите на Гостивар за кого одигра 28 натпревари во ПМФЛ.

Претходно Јонус ги бранеше боите на Шкупи, Работнички, Пехчево и Охрид Лихнидос.  По четири одиграни кола Вардар има само три освоени бода и се наоѓа на делбата на последната позиција со Брера Струмица.

To top