Фудбалерите на Вардар во нов контролен натпревар како подготовка за новата сезона на стадионот „Максимир“ во Загреб загуби со 3:0 од Динамо Загреб.
Стрелци на головите за хрватскиот гигант на дуелот против скопските „црвено-црни“ беа Куленовиќ, Пјаца и Торенте.
Стартните 11 за Вардар беа Гачевски, Брдаровски, Ќосиќ, Мишковски, Ѓуриќ, Донгмо, Мицевски (к), Закариќ, Ким, Дианеси, Омерагиќ.
На спротивната страна за „модрите“ од првата минута играше поранешниот македонски репрезентативец Стефан Ристовски кој пред мечот доби подарок дрес со број „22“.