Фудбалерот Дејан Ѓуриќ денес официјално ја продолжи соработката со ФК Вардар.
Српскиот интернационалец пристигна во клубот за време на зимскиот преодоен рок, а во дресот на Вардар одигра 15 натпревари, на кои постигна вкупно 3 гола.
Ѓуриќ потпиша договор на една година и од клубот изразија надеж дека ќе придонесе уште повеќе во целите кои се поставени за сезоната која следи.