Фудбалскиот клуб Партизан остана откако тренерот Александар Станојевиќ си поднесе оставка, а се чека само состанок на управата за оставката и официјално да биде потврдена.
Партизан веќе работи на пронаоѓање нов шеф на стручниот штаб, а прв „пик“ им е легендата Саво Милошевиќ.
Клубот ќе добие и ново раководство, предводено најверојатно од Расим Љајиќ.
Овој политичар и во минатото беше дел од структурите на Партизан, а сега се очекува да стане прв човек на Црно-белите на местото на Милорад Вучелиќ.