Претставници на финансиска полиција на Италија, попладнево упаднаа во канцелариите на Милан, открива агенцијата АНСА.
Тие беа во приватните канцеларии на извршниот директор на клубот Џорџо Фурлани, но и во канцелариите на други челници на „росонерите“.
Фурлани е предмет на истрага од Обвинителството во врска со продажбата на Милан од страна на претходниот сопствник, „Елиот фонд“ на сегашниот „Редбрд“ во 2022 година.
Милан се огласи по повод претресот на полицијата.
„Во врска со претресот што денеска беше извршен во нашите простории, Милан како компанија е трета страна и не е вклучен во процедуралните дејствија во врска со промената на сопственост во 2022 година. Истрагата во која се вклучени актуелниот извршен директор Фурлани и поранешниот директор Газидис се однесува на можна погрешна комуникација со властите за контрола. Милан целосно соработува со истражните органи“, стои во соопштението.