Финалето во најголемото фудбалско натпреварување во Јужна Америка, Копа Либертадорес ќе се игра во ноември во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес, потврди Јужноамериканската конфедерација.
Стадионот се уште не е одбран, меѓутоа се најавува дека тоа ќе биде „Естадио Монументал“ кој е дом на Ривер Плата и има капацитет да прими околу 84.000 навивачи.
Треба да се напомене дека ова ќе биде прв аргентински град домаќин откако во 2019 година се промени форматот на одигрување финалето да се решава во само еден натпревар.