Фудбал

Финалето од фудбалскиот Куп ќе се игра во Скопје

Финалето од фудбалскиот Куп ќе се игра во Скопје

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го одреди градот-домаќин на овој настан.

Иако опции беа стадионите во Битола и Тетово кои беа желби на клубовите, според условите и можностите, одлучено е домаќин на натпреварот да биде Арената „Тодор Проески“. Мечот ќе се игра на 22 мај (среда) со почеток од 19:00 часот.

Победникот од финалето од Купот на Македонија ќе игра во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. И Тиквеш и Воска играат за прва Куп-титула.

To top