Фудбал

Ферстапен: Титулата која ја освоив минатата година е послатка од оваа

Ферстапен: Титулата која ја освоив минатата година е послатка од оваа

Макс Ферстапен заврши петти на трката за Големата награда на Лас Вегас, но со оглед на тоа што го остави Ландо Норис зад себе, тоа беше доволно математички да ја обезбеди четвртата титула во низа.

Холанѓанецот ја продолжи својата доминација во Формула 1 и во сезона во која немаше најбрз болид, што само укажува на фактот дека Макс прерасна во навистина голем шампион.

Ферстапен оваа сезона доби конкуренција и во финишот од сезоната дојде до успех на потешкиот начин, но сепак успеа да стигне до посакуваната цел на две трки пред крајот.

– Да се стои тука како четирикратен шампион во Формула 1 е нешто што никогаш не можев да го замислам. Во овој момент чувствувам само олеснување, но истовремено сум и многу горд на успехот. Имавме одличен старт на сезоната, потоа следеше резутлатска криза, но продолживме да работиме како тим и се обидовме да го подобриме болидот. На крајот ја минуваме целта како први, неверојатно сум горд на се што направи тимот за мене.

– Минатата година имав речиси 300 поени предност како првоплаисиран, па затоа таа титула ми е послатка од оваа. Посебно уживав во неа, но мислам дека и оваа сезона научив многу лекции, – изјави Ферстапен.

To top