Фенербахче по долго размислување реши да продолжи со настапите во домашното првенство, но гигантот од Истанбул се реши за поинаков радикален потег.Имено, претстои дуелот од Суперкупот на Турција меѓу Фенер и Галатасарај, на кој „сино-жолтите“ решија да настапат со својот јуниоркси тим.
„Ќе играме со јуниори, таа одлука е донесена. Испративме допис до федерацијата во кој баравме мечот да биде одложен или да се одредат странски судии. Немаа ни доблест да ни одговорат, така што ќе играме со јуниорскиот тим. Исто така, решивме во следните две сезони да не се натпреваруваме во Купот на Турција“, изјави потпретседателот на Фенербахче, Ерол Билечик.
Како што јавува весникот „Фанатик“, дуелот нема да биде доигран бидејќи Фенер во записникот ќе пријави само девет фудбалери, од кои тројца ќе се пожалат на повреди и мечот ќе мора да биде прекинат, по што Галата ќе слави со службени 3-0.