Фудбал

Фенербахче излезе со јуниори во финалето со Галатасарај

Фенербахче излезе со јуниори во финалето со Галатасарај

Фенербахче се закануваше со излегување од првата турска лига поради шокантните нереди во Трабзон, но откако беа жртви на физички насилство, челниците на клубот задно со играчите се решија за несекојдневен чекор.

Клубот најави дека денеска ќе излезе ревијално на Суперкуп финалето против Фенербахче, па откако тренерот во стартната постава ги стави сите јуниори, следеше напуштање на теренот уште во првата минута.

Мауро Икарди постигна гол во првата акција на мечот, а веднаш после тоа, јуниорите на Фенербахче го напуштија теренот и тука беше означен предвремен крај на финалето.

Повеќе од јасно е дека Галатасарај службено ќе го добие овој меч, но Фенербахче со овој потег испрати силна и моќна порака, а истата беше поздравена и од Икарди.

Револтот кај челниците на Фенербахче датира од срамните сцени во Трабзон, но и поради фактот што турската Федерација одби да го одложи Суперкуп финалето против Галатасарај.

 

To top