Поранешниот бразилски репрезентативец, Фелипе Мело, официјално ја заврши својата богата кариера откако му истече договорот со екипата на Флуминенсе, каде настапуваше изминатите три години.
41-годишниот Мело играше за вкупно 12 клубови, започна во Фламенго, а потоа настапуваше за Крузеиро, Гремио, Мајорка, Расинг Сантандер, Алмерија, Фиорентина, Јувентус, Галатасарај, Интер и Палмеирас.
Трипати го освојуваше трофејот во Копа Либертадорес (двапати со Палмеирас и еднаш со Флуминнсе), а на репрезентативно ниво го освои Купот на Конфедерациите во 2009 година. За Бразил одигра 22 натпревари, а во Европа имаше најзабележителни настапи како член на италијанскиот Јувентус.