Ајакс вчера дефинитивно остана без титулата во Холандија или поточно ја загуби битката за врвот од лутиот ривал ПСВ Ајндховен.
Клубот од Амстердам беше во идеална позиција за пехарот, ама одигра катастрофално во завршницата и дозволи да се случи „чудо“, протовникот со одлична серија на резултати да освои нова титула.
Овој епилог тешко му падна не тренерот Франческо Фариоли кој не можеше да ги задржи солзите на „Јохан Кројф Арена“ за да денеска стигне информација дека Италијанецот си заминува од холандскиот великан.
Иако имаше договор до 30 јуни 2027 година, постои разлика во визијата, планот и Фариоли одлучил да си поднесе оставка.
-Менаџментот и јас имаме исти цели за иднината на Ајакс, но имаме различни визии и временски рамки за начинот на кој треба да работиме и да дејствуваме за да ги постигнеме тие цели. Со оглед на овие разлики во принципите и темелите на проектот, длабоко во срцето чувствувам дека ова е најдобриот момент да се разделиме, -Франческо кој дојде во оваа средина минатото лето од Ница.