Фудбал

Фантастичен потег на Де ла Фуенте со играчот кој имаше малерозна сезона

Фантастичен потег на Де ла Фуенте со играчот кој имаше малерозна сезона

Подмладената Шпанија направи одлична смена на генерации во фудбалот и овие играчи покажаа дека имаат големи амбиции, а утре дел од тимот ќе биде и играчот кој доживеа најголем малер изминатава сезона.

Де ла Фуенте го повикал Гави за финалето во Берлин и побарал од него да биде дел од шпанскиот тим, сето тоа како благодарност за извонредните игри кои ги прикажуваше играчот на Барселона пред да заработи тешка повреда на коленото.

Гави се повреди на натпревар против Грузија и уште на крајот на минатата година стана јасно дека ќе го пропушти Европското Првенство, но сепак Де ла Фуенте се погрижил и тој да биде дел од финалниот декор во Берлин.

– Сакам да им се заблагодарам на сите играчи кои беа дел од овој наш пат, не само оние кои играа на Европското првенство. Сакам да им се заблагодарам на Педри и Ајозе кои не можат да ни помогнат воо финалето. Исто така, со нас ќе биде и Гави, тој ќе биде нашиот 27-ми играч. Ќе го доживее цел ден со нас во Берлин, – изјави Де ла Фуенте.

To top