Францускиот фудбалски клуб Лион објави дека му врачи отказ на италијанскиот стручњак, Фабио Гросо.
„Имајќи ги предвид актуелните резултати и по длабинска анализа на ситуацијата во стручниот тим, Олимпик Лион одлучи да спроведе постапка за раскинување на договорот на Фабио Гросо и неговите заменици. Олимпик Лион сака да им се заблагодари на Фабио Гросо и неговите заменици за нивната посветеност и професионализам откако го презедоа раководството на стручниот тим“, се вели во соопштението на клубот.
Гросо го презеде францускиот клуб на 16 септември оваа година.