Трансферот на крилниот напаѓач на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, во Барселона пропадна бидејќи шпанскиот репрезентативец сакаше да вклучи клаузула во договорот што ќе му дозволи да си замине доколку клубот не го регистрира, откри Атлетик. Каталонците го отфрлија овој услов.
Личните услови веќе беа усно договорени, но договорот пропадна кога претставниците на 22-годишникот упатија неприфатливо барање до Барса. Спортскиот директор на каталонскиот гигант, Деко, изјави дека клубот нема да се согласи со условот, иако ваквите клаузули не се без преседан, а најновиот пример е со Дани Олмо.
Од таборот на Нико Вилијамс побараа гаранции дека Барселона ќе може да го регистрира за натпревари до 20 август – веднаш по првото коло од Ла Лига за сезоната 2025/26. Нивниот аргумент беше дека постојат и други клубови, предводени од Баерн Минхен и Арсенал , кои се подготвени да понудат поповолни услови. Деко одбил, иако ветил дека Вилијамс ќе биде регистриран до крајот на преодниот рок, но не сакаше да ризикува со вметнување на клаузула.
На крајот крилниот фудбалер потпиша нов договор со Атлетик Билбао до 2035 година, оставајќи ја Барселона шокирана од овој пресврт на настаните.