Англискиот фудбалски клуб Борнмут постави сопствен рекорд за трансфер на еден фудбалер, откако реши да плати 47 милиони евра за доведување на бразилскиот репрезентативец Еванилсон.
Порто е клубот кој во својата каса ќе инкасира токму пари за Еванилсон. Овој 24-годишен играч минатата сезона даде 25 погодоци во 42 меча за португалскиот гигант.
Досега најголемиот трансфер на Борнмут беше кога издвои 29 милиони евра за Џеферсон Лермо. Во новата сезона во Премиер лигата, Борнмут ќе стартува на гости кај Нотингем Форест.