Фудбал

Еступињан во Милан

Еступињан во Милан

Еквадорскиот фудбалер Первис Еступињан  е нов член на Милан, објави седумкратниот европски шампион.

Еступињан ќе биде првиот Еквадорец во Милан. Тој потпиша договор со „росонерите“ до јуни 2030 година.

Цената на трансферот не беше откриена, но италијанските и англиските медиуми објавија дека Брајтон ќе добие фиксна сума од 17,5 милиони евра, плус потенцијални два и пол милиони преку бонуси.

Пред Брајтон, Еступињан играше и за Виљареал, Гранада, Осасуна, Алмерија, Мајорка, Вотфорд и во својата татковина за ЛДУ Кито.

 

To top