Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, повторно испиша историја во Премиер лигата. Со гол постигнат против Фулам во вечерва, норвешкиот феномен го достигна магичниот број од 100 постигнати голови и тоа го направи со рекордна брзина, побрзо од кој било друг играч во историјата на натпреварувањето!
Халанд ја затресе мрежата на својот 111-ти натпревар во Премиер лигата, соборувајќи го долгогодишниот рекорд на легендарниот Алан Ширер, кој до својот 100-ти гол стигна по 124 одиграни натпревари во далечната 1995 година.
Халанд е 35-тиот играч кој влегол во елитниот „Клуб 100“, но начинот на кој го направи тоа ја потврдува неговата класа како генерациски талент. За споредба, разликата меѓу него и останатите напаѓачи од светска класа е неверојатна.