Антонио Рудигер дефинитивно ќе биде „фит“ за да настапи од првата минута против Данска. Ова е одлична вест за Германците, особено ако се знае дека Тах сигурно ќе отсуствува поради суспензија.
Данска се соочи со неочекуван проблем откако капитенот Кристијан Ериксен во последните два дена не тренираше со остатокот од репрезентацијата.
Стомачен вирус е причината поради која Ериксен не тренираше со остатокот од тимот, но селекторот Хјулман е оптимист дека најдобриот дански фудбалер ќе може да се појави од првата минута на утрешното осминафинале.