Аргентинскиот фудбалски интернационалец Ерик Ламела ќе потпише договор со АЕК од Атина.
Ламела доаѓа како слободен агент откако му истече договорот со Севилја и во клубот пристигнува на покана на неговиот сонародник и пријател Матијас Алмеида, кој е тренер на АЕК Атина.
Грчкиот клуб ќе го урне рекордот и на Аргентинецот ќе му исплаќа 2,5 милиони евра по сезона, што е најголем договор во историјата на АЕК.