Фудбал

ЕП во Германија е најпосетуван шампионат на сите времиња

ЕП во Германија е најпосетуван шампионат на сите времиња

бројките за гостувањата на навивачите на стадионите на ЕП во фудбалп што се одржува во Германија се неверојатни.

Се одиграа четвртфиналните натпревари и вклучувајќи го и натпреварот меѓу Холандија и Турција, на стадионите за време на ЕП беа присутни 2.492.720 гледачи, што е и нов рекорд кога е во прашање посетата на шампионатот на Стариот континент.

Претходно, најголем број посетители на фудбалските стадиони имаше во 2016 година на турнирот во Франција, кога на 51 натпревар присуствуваа 2.427.303 гледачи.

Просечната посетеност на натпреварите во Германија е 51.932 гледачи, што е највисока од турнирот во 1988 година организиран од тогашна Западна Германија, кога просечната посетеност беше 59.243 гледачи.

To top