Аргентинскиот голман Емилијано Мартинез потпиша нов договор со Астон Вила. Голманот ја продолжува соработката со тимот од Бирмингем со кој во минатата сезона играше одлично и се избори за место во Лигата на шампионите.
Мартинез е еден од најважните во тимот на Унаи Емери, а сега се обврза на верност до 2029 година.
Со настапите за Аргентина со која го освои Светското првенство и Копа Америка, Мартинез се истакна и како еден од најдобрите голмани во светот.