Фудбал

Емилијано Мартинез е добитник на престижната награда „Лав Јашин“

Емилијано Мартинез е добитник на престижната награда „Лав Јашин“

Аргентинецот Емилијано Мартинез вторпат во низа ја добива наградата „Лав Јашин“, за најдобар светски голман.

Голманот на Астон Вила во 2022 година стана светски шампион со „гаучосите“, а летово триумфираше и во Копа Америка, со што ја продолжи „жетвата“ на важни трофеи во кариерата.

32-годишниот Мартинез е член е на Астон Вила од 2020 година, а за аргентинската репрезентација досега вкупно „собра“ 47 настапи.

Со тимот на Унаи Имери минатата година стигна и до полуфиналето на Конференциската лига на УЕФА.

 

To top