На фудбалската легенда Кевин Киген му е дијагностициран рак, објави неговото семејство за англиските медиуми.
Поранешниот напаѓач и селектор на Англија, кој има 74 години, неодамна беше примен во болница поради „долгорочни абдоминални симптоми“, според соопштението, а пишува и Скај Спорт.
„За време на овие тестови, беше утврдена дијагноза за рак, за кој Кевин ќе биде подложен на третман“, се додава во соопштението.
Исто така и Њукасл, неговио поранешен клуб објави за Киген.
Колку за потсетување Киген беше дел од легендарниот Ливерпул во 70-тите години од минатиот век, потоа направи трансфер во Хамбургер. Беше најдобар во селекцијата на Англија, а и како тренер имаше успеси.