Фудбал нема да чека долго за работа

Џенаро Гатузо во трка за селектор на Италија

Џенаро Гатузо во трка за селектор на Италија

Легендарниот играч за врска на Милан, Џенаро Гатузо е новиот фаворит да биде следниот селектор на Италија по отказот на Лучијано Спалети. Тој излезе во преден план, откако Клаудио Раниери и Стефано Пиоли одбија да го преземат кормилото.

Раниери одлучи повторно да се врати во „пензија“ и ќе биде советник на претседателот на Рома, а Стефано Пиоли е на чекор да го преземе тимот на Фиорентина, откако ќе замине од Ал-Наср.

Во еден ваков случај, раководните луѓе на италијанскиот фудбал сметаат дека поранешниот италијански репрезентативец Џенаро Гатузо, кој пред неколку дена замина од Хајдук Сплит, е добро решение. Во игра се и Даниеле де Роси и Фабио Канаваро.

To top