Фудбал

Џенаро Гатузо го отстрани Иван Перишиќ од првиот тим на Хајдук

Џенаро Гатузо го отстрани Иван Перишиќ од првиот тим на Хајдук

Хајдук Сплит ќе игра против Локомотива во домашниот шампионат, меч на кој клубот од Сплит нема да смета на една од најголемите ѕвезди во екипата Иван Перишиќ.

Имено хрватските медиуми пренесуваат дека Перишиќ е отстранет од тимот поради недисциплина.

Италијанскиот стратег, Џенаро Гатузо има јасни правила, принципи на работа и нема никакви попусти за никого, па и за Иван кој сега е на „ладење“ и не се знае кога пак ќе биде во конкуренција за настап.

Не е првпат Рино да покажува дека дисциплината е на на прво место, односно веќе еднаш го исфрли Емир Сахити, но таа казна траеше кратко и по еден меч офанзивецот беше вратен во тимот.

To top