Фудбалската икона на Лестер во изминатите 13 години, Џејми Варди, објави дека ќе го напушти клубот по завршувањето на актуелната сезона.
„Лисиците“ и официјално испаднаа пред неколку дена по поразот од Ливерпул, а денес 38-годишниот напаѓач ја соопшти веста преку емотивна видео порака.
„Тажен сум што дојде овој ден, но знаев дека на крајот ќе се случи. Поминав 13 неверојатни години во овој клуб, со кого имавме многу успеси. Имаше и падови, но добрите моменти беа далеку повеќе. Конечно дојде време да ставиме крај, што навистина ме скрши. Сепак, мислам дека моментот е вистински. Само сакам искрено да ви се заблагодарам што ме прифативте како еден од вашите. Лестер засекогаш ќе има огромно место во моето срце. Во следните години ќе го следам клубот со надеж дека ќе биде уште поуспешен. Засега ова е мое збогум, но ветувам дека повторно ќе ме видите“, изјави Варди.
38-годишниот Англичанец има 496 настапи и 198 голови за Лестер,