Паоло Фонсека кој неодамна седна на клупата на Милан се соочува со проблеми и тоа со најголемите ѕвезди во тимот Рафаел Леао и Тео Ернандез.
Дека има нетрпеливост помеѓу нив можеше да се види во 73. минута кога двајцата фудбалери при тајмаутот за освежување не дојдоа како останатите соиграчи до клупата, туку останаа сосема на другата страна на теренот.
Леао и Ернандез не беа стартери и во игра влегоа во 70. минута од средбата, па веројатно и тоа е причината за незадоволството.
Милан во вчерашниот дуел повторно не победи и одигра 2-2 против Парма, па така по три кола „росонерите“ се уште чекаат на првите три бода.
Theo Hernandez dan Rafael Leao ogah merapat gabung squad Milan saat cooling break untuk mendapatkan instruksi dari Coach Paulo Fonseca.
Theo dan Leao baru dimasukkan Fonseca di babak kedua menit 70 menggantikan Emerson & Chukwueze.
— Siaran Bola Live (@SiaranBolaLive) September 1, 2024