Фудбал

Душан Влаховиќ одбил понуда од Саудиска Арабија

Душан Влаховиќ одбил понуда од Саудиска Арабија

Душан Влаховиќ не сака да му ја олесни работата на клубот и да си замине ова лето.

Тој беше ставен на трансфер листата. Сепак, тој не сака да оди во тим кој не може да му плати бројка од најмалку 10 милиони евра нето годишно.

Овој услов важи за сите освен за клубовите од Саудиска Арабија и Турција. Фенербахче беше подготвен да му даде повеќе од тоа, како и Ал-Ахли. Влаховиќ ги одби.

Италијанскиот „Ил Џорнале“ тврди дека Србинот одбил нереална плата од тимот од Саудиска Арабија.

„Душан Влаховиќ одбил понуда од 20 милиони евра по сезона и договор до 2028 година што му ја испратил Ал-Ахли“, тврди овој весник.

Србинот едноставно не сака да оди во Турција или Арабија, и е подготвен да ја преседне сезоната на трибините за да ги земе 12-те милиони евра што Старата Дама ќе му ги плати во последната година од договорот. Тоа би било навистина без преседан.

To top