Шампионот на Србија, фудбалскиот клѕб Црвена звезда, по трансферот на Марко Арнаутовиќ, подготвува уште една „бомба“ на трансфер пазарот. Медиумите во оваа земја тврдат дека часови го делат Душан Тадиќ од трансфер во црвено-белиот клуб
Тадиќ треба да им се придружи на црвено-белите пред двомечот со полски Лех во квалификациите за Лигата на шампионите.
Со Тадиќ и Марко Арнаутовиќ во тимот, црвено-белите би имале повеќе од респектабилен тим дури и за концептите на европската елита.
„Генералниот директор на црвено-белите Звездан Терзиќ успеа во она што се обидуваше да го направи во претходните недели, бидејќи Тадиќ се согласи на сите понудени услови во среда вечерта и потпиша договор со актуелниот шампион на Србија“, пишува „Мондо“.