Фудбал

Душан Тадиќ им се извини на соиграчите и Пикси

Душан Тадиќ им се извини на соиграчите и Пикси

Фудбалскиот сојуз на Србија преку соопштение информираше дека Душан Тадиќ им се извинил на состанокот на селекторот Драган Стојковиќ – Пикси и на соиграчите за таа негова изјава.

„Во хотелот ‘Максимилијан’ во Аугсбург одржан е состанок на стручниот штаб на чело со селекторот Драган Стојковиќ и репрезентативецот на Србија. Се разговараше за престојните обврски, а покрај другото капитенот на репрезентацијата Душан Тадиќ искористи можност да се извини на селекторот и соиграчите за непромислената изјава по мечот со Англија“ – се вели во официјалното соопштение од ФСС, во кое се дополнува:

„Репрезентацијата на Србија продолжува според планот и програмата со подготовките за вториот меч на ЕП. Утре попладне се сели во Минхен каде се предвидени медиумски активности, како и официјалниот тренинг“.

To top