Братот на српскиот репрезентативец Немања Гудељ ја заврши кариерата на 26 години бидејќи повеќе не можеше да го ризикува својот живот кој за малку ќе го загубеше на теренот.
Драгиша двапати доживеа срцев удар во 2023 година. Прво во март, кога практично беше клинички мртов додека играше натпревар за својот тим, Кордоба во втората лига на Шпанија.
За среќа, лекарите успеаја да го оживеат и потоа се врати на теренот, но во декември 2023 година повторно му се случило слично нешто.
После тоа реши да ја заврши сезоната, но тоа беше јасен знак дека мора да ја заврши и кариерата.