Фудбал

Доријан Бабунски доживеа посериозна повреда

Доријан Бабунски доживеа посериозна повреда

Дориан Бабунски собра два настапи на стартот на новата натпрварувачка сезона во Швајцарија, но членот на Грасхоперс не беше дел од пријателски меч со Баерн Минхен, по кој за жал пристигна вест за негова повреда.

Македонскиот напаѓач ќе мора да мирува во наредниот период и ќе треба максимално да се посвети на рехабилитацијата, а фактот што и самиот тој се огласи за проблемот преку социјалните мрежи, јасно укажува на тоа дека повредата не е наивна.

– За жал заработив повреда која ќе ме одалечи од терените одредено време. Уште еден предизвик кој го пречекувам со раширени раце и од кој ќе се вратам посилен. Продолжете да го поддржувате нашиот тим, потребни сте ни сите, – им порача Бабунски на навивачите на Грасхоперс.

To top