Манчестер Сити договори големо засилување на голманската позиција, откако раководството на клубот постигна целосен договор со италијанскиот репрезентативец Џанлуиџи Донарума.
Трансферот е завршена работа, а на голманот му претстои само формалниот медицински преглед пред официјализација на неговото пристигнување на „Етихад“.
Преговорите помеѓу Сити и ПСЖ се водеа извесно време, а францускиот гигант конечно прифати да се раздели со Донарума за сума што ќе изнесува меѓу 30 и 35 милиони евра.
Иако во минатото ПСЖ имаше повисоки барања за неговата отштета, управата сега е подготвена на компромис, имајќи предвид дека и самиот играч е решен да започне ново поглавје во својата кариера.