Фудбал

Донарума: Ако сме трпеливи и фокусирани ќе го исполниме планот

Донарума: Ако сме трпеливи и фокусирани ќе го исполниме планот

Голманот на италијанската фудбалска репрезентација Џанлуиџи Донарума  е полн со оптимизам пред првиот натпревар на „Аѕурите“ на Европското првенство, каде за противник ќе ја имаат селекцијата на Албанија.

Чуварот на мрежата на ПСЖ смета дека Италија има нова и свежа генерација која може да го повтори успехот од минатиот собир, но потенцира дека за исполнување на целта, мора успешно да се мине групната фаза.

„Имаме одлична група на поединци кои веќе поседуваат огромно искуство. Со Албанија ќе биде комплициран меч затоа што тие се физички снажни и поседуваат голема брзина. 

Мора да останеме фокусирани и балансирани во нападот, заедно со поддршката од одбраната. Ако сме внимателни и трпеливи, мислам дека ќе го исполниме планот. Подготвени сме и едвај го чекаме првиот предизвик.

Мислам дека и оваа генерација е зрела за највисоки дострели. Најпрво да ја минеме групата, а потоа ќе мислиме на следните противници. Тронот го посакуваме, но за да дојдеме до него, мора напорно да работиме“, вели Донарума.

To top