Тотенхем постигна договор за ангажман на Доминик Соланке, 26-годишниот фудбалер кој зад себе има фантастична сезона во дресот на Борнмут.
Според последните информации, вкупната висина на трансферот ќе изнесува 65 милиони фунти, но Тотенхем ќе плати само 40 милиони фунти како загарантирана сума.
Од останатите, 10 милиони фунти се врзани со лесно остварливи клаузули, а останатите се нешто потешко остварливи.
Соланке веќе ги имаше договорено личните детали, па голгетерот сега треба само да ги мине лекарските прегледи пред да потпише договор со Тотенхем со важност до 2030 година.