Доминик Ливаковиќ (31) повторно ќе ги брани боите на хрватскиот фудбалски гигант Динамо Загреб, официјално објавија денеска од клубот.
Прославениот чувар на мрежата и хрватски репрезентативец доаѓа на Максимир како позајмен од турскиот Фенербахче и веднаш им се стави на располагање на своите соиграчи и тренерот Марио Ковачевиќ.
Тој го напушти Динамо во август 2023 година, по седум полни сезони, со 12 освоени трофеи, 293 одиграни официјални натпревари, неговата мрежа мируваше 138 пати, по бројни импресивни настапи со кои ја испиша златната историја на клубот.