Фудбал

До бундеслигашки стадион пронајдена бомба тешка половина тон

До бундеслигашки стадион пронајдена бомба тешка половина тон

Градежни работници пронајдоа бомба која датира од времето на Втората светска војна за време на своја работа на универзитетски комплекс во германскиот град Мајнц.

Тоа немаше да биде ништо специјално, ако комплексот не граничеше и беше во непосредна близина до стадионот на истоимениот клуб.

Во мал радиус до „Мева Арена“ е пронајдена артилериска бомба која не е експлодирана и тежи околу половина тон. По пронаоѓањето е екакуиран делот околу стадионот на Мајнц 05, а околу 4.500 жители на тој блок мораа да ги напуштат домовите до демонтирањето на бомбата.

To top