Шпанските медиуми веднаш го прогласија македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски за играч на мечот во ремито на Рајо Ваљекано на гостувањето против Реал Мадрид во 12. коло од Ла Лига.
Рајо извлече реми без голови, а најзаслужен за тоа е македонскиот голман кој беше феноменален на голот на гостите.
Согласно официјалната статистика, Димитриевски имал пет директни одбрани од кои три 100% шанси на „кралевите“, а притоа успеал да ја сочува мрежата по вкупно 11 опасни акции пред својот гол. На крај, за шести пат сезонава да сочува празна мрежа во Ла Лига.
Најголемите две одбрани на Димитриевски, кои се посебно за издвојување, беа во првото полувреме.
Уште на самиот старт Реал имаше шанса да поведе кога во 6. минута Федерико Валверде искористи една грешка на одбраната на Рајо и излезе „еден на еден“ со Димитриевски, меѓутоа македонскиот чувар на мрежата со извонредна интервенција спречи погодок.
Ha definido mal Valverde, pero es un paradon de Dimitrievski.
Espero que hoy no sea Casillas Prime. pic.twitter.com/Vktu1Z2uak
— 𝐒𝐚𝐦𝐮 (@SamuuRM) November 5, 2023